Мајката од пеколот ја ставија во кафез – петгодишната ќерка ја чуваше во ужасни услови, а нејзината исповед ги шокираше сите
Мајката на петгодишното девојче кое медиумите го нарекоа „женското Могли”, и кое беше пронајдено во стан во околности како на хорор филм, тврди дека се грижела за своето дете во „добри услови”.
Ирина Гарашенко има 47 години и вели дека ја сака својата ќерка и покрај тоа што живеела во стан полн со лебарки и ѓубре. Загрижените доктори потврдија дека петгодишното девојче по име Љуба (Љубов) не може да зборува, никогаш не видело овошје и никогаш не спиело во кревет.
Мајката од Русија, инаку со факултетско образование, задржана е во притвор на два месеци поради сомнение за обид за убиство. Ако биде осудена за делото за кое се товари, ѝ се закануваат 15 години затвор, пишува Мирор.
Станот каде што петгодишното девојче живееше со својата мајка беше во толку лоша состојба што спасителите мораа да носат опрема за хемиска заштита кога влегуваа во станот. Мајка тврди дека ова не е вистина. Таа инсистира на тоа дека го воспитувала своето дете во добри услови и додава дека не знае што се случило во станот.
„Истражителите ми кажаа дека го тепам моето дете и го терам да изврши самоубиство. Но, јас сум нејзината мајка, јас ја родив. Таа е моето прво дете, тогаш имав 41 година. Пет и пол години ја хранам и воспитувам. Се разбира дека ја сакам, никогаш нема да ја оставам “, вели таа. Таа во судот изјави и дека не разбира што се случи во нејзиниот стан и дека сака самата да отиде таму за да види што се случува.
„Не ме пуштаат таму и не ми дозволуваат да ја видам мојата ќерка. Не знам што се случило во станот. Дојдоа кај мене во близина на станот “, вели таа, додавајќи дека некој целата работа ја исценирал и го растурил станот.
Мајката вели дека не била дома само неколку часа, но соседите тврдат дека таа го оставила своето дете со денови. Плачот на девојчето ги вознемирило, па алармирале и викнале полиција. Ирина, инаку работи во енергетска компанија и тоа во финансиската служба.
„Јас заработувам пари, плаќам за сé, ја издржувам и хранам мојата ќерка. Беше во добра состојба“, вели Гаращенко и истакнува дека не е точно дека детето не може да зборува и да комуницира, но признава дека не одела во детска градинка или на училиште. Тврди дека сама ја образувала.
https://www.youtube.com/watch?v=f0ZWSyLR88c
„Јас сум загрижена како секоја мајка. Сакам да ја видам, прегрнам и бакнам. Таа е мое дете и ќе се борам за неа, вели таа. Но, соседите тврдат дека не ја виделе девојката откако била бебе. Соседите дури велат дека мајката некогаш била опседната со чистота па ја чистела и метела дури јавната површина околу зградата. Лекарите кои се грижат за девојчето откако го донеле во болницата, тврдат дека не знаело да зборува, но дека е способна да создаде неповрзани звуци. Кај неа не постои психичко растројство, велат тие.
„Такво заостанување во развојот се случува кога никој не се грижи за детето, никој со неа не се занимавал“, велат тие.