Првата дама одлично изгледа и во спортско издание
Меланија Трамп со нејзиниот сопруг Доналд и синот Барон ја посети Алабама, и по тој повод беше во обиколка на областите уништени од торнада, кои во изминатите неколку дена предизвикаа голема штета и убија 23 лица.
За оваа прилика, убавата Словенка не можеше да „фура“ високи потпетици и елегантни фустани, па затоа се појави во феноменална и удобна модна комбинација.
Меланија за оваа пригода носеше тесни, бордо панталони и краток тегет капут, под кој се гледаше бела ролка со бордо детаљ на крајот од ракавите.
Оваа прилично едноставна, но повторно впечатлива комбинација, поранешната манекенка ја заокружи со бели адидаски со црвени шари, а токму овој модел кои веќе неколку сезони е апсолутен хит и постојано можеме да го видиме како го „фураат“ и девојките на нашите улица.
Очигледно дека лежерните, спортски комбинации и стојат одлично на првата дама на Америка која благодарение на витката фигура во ова издание изгледаше како тинејџерка.