Можеби зимата се уште не си заминала, но топлите денови веќе не натераа полека да се будиме од зимскиот сон и да ја побараме во плакарите пролетната лежерна облека.
Од она што можеме да го видиме на Инстаграм, но и на нашите улици, многу жени избираат чевли со подебели и нешто пониски потпетици. Францускиот Вог пак, веќе пишуваше дека оваа пролет во мода ќе бидат сребрените модели, потоа моторџиските чизми и обувките украсени со пердуви, гломазните патики, нетрадиционалните балетанки.
Модел кој НИКОГАШ не излегува од мода се дефинитивно класичните високи, тенки потпетици.
Но оваа пролет нема да погрешите и ако изберете модели со подебели и пониски потпетици со кои ќе можете да си дозволите малку полесен ден. Во прашање се модели кои добро стојат како со вашите омилени фармерки така и со поелегантни комбинации, а вашите стапала ќе ви бидат благодарни и ќе се чувствувате максимално удобно во нив.
Zara 1,990.00 MKD
Погледнете неколку такви модели во продолжение