Реклама
Вирално

Генијалниот потег на група тинејџери му го спаси животот на ова осумгодишно дете

Реклама

Скијањето на Grouse Mountain во Ванкувер, Канада речиси заврши трагично за едно осум-годишно момче кое испадна од ски-лифт и остана да виси на височина од шест метри, според вестите на Си Ен-Ен.

Неговиот татко успеа да го фати, но не можеше да го повлече наназад, па исплашеното момче остана да виси во воздухот.

Маркетинг

За среќа, во близина имаше група тинејџери кои брзо стигнаа на помош. „Тој беше многу исплашена и почна да паничи”, раскажува за локалните медиуми еден од спасувачите, 14-годишниот Џејмс Мекдоналд.

И додека другите скијачи само набљудуваат што се случува, Џејмс и неговите пријатели ја грабнале безбедносната мрежа од една ограда и ја рашириле под момчето. Прво, побараа да ги тргне неговата скии со цел да не се повреди кога ќе падне, а потоа побара од неговиот татко да им верува и да го пушти. И кога таткото го пушти, детето падна во мрежата и сигурно се приземји, и помина без повреди, но за секој случај беше испратен кај лекарите.

Маркетинг

https://www.youtube.com/watch?time_continue=100&v=NpCLea9Qxwg

 

Раководителот на ски-центарот им се заблагодари на младите херои кои со својата брза реакција и помош го спасија ова момче и со тоа заработија бесплатни билети.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button