Лав стар девет години го убил својот сопственик во село во источниот дел на Чешка – соопшти локалната полиција.
Михале Прасек одгледувал два лава, двегодишна женка и мажјак, без неопходна ветеринарна лиценца и во затворена просторија која била изградена без дозвола.
Таткото на сопственикот на лавовите ја повикал полицијата откако го видел неподвижното тело на својот син во живеалиштето на лавовите. Полицијата морала да ги застрела двете животни, а претстaвник на локалната полиција потврди дека 34-годишниот сопственик на лавовите е мртов и оти во тек е истрага за инцидентот.
Мажот го чувал лавот од 2016 година, а женката од минатата година. Чешките медиуми јавија дела луѓето во селото во кое што живеел сопственикот постојано изразувале загриженост за присуството на животните.
Минатиот јуни лавицата нападнала и повредила велосипедист, додека се шетала на поводник со својот сопственик.