Некои луѓе се родени спортисти и едноставно обожаваат да вежбаат, но други пак сигурно нема да ги видите како напорно трчат и дигаат тегови.
Астрологијата ни открива кои хороскопски знаци речиси никогаш нема да ги видите во теретана.
Риби
Рибите подобро би поминале одредено време правејќи нешто креативно или излежувајќи се на креветот, отколку да отидат во теретана. Шетањето со пријателите и во шопинг центри им е една од омилените работи.
Близнаци
Близнаците само одвреме-навреме се обидуваат да бидат во форма. Тие купуваат специјална облека за во теретана, се зачленуваат во фитнес клуб, а некои пак дури изнајмуваат и личен тренер. Некој период се посветени, но брзо им го снемува тој сјај.
Јарец
Иако знаат дека вежбањето е добро за нив, Јарците го сметаат како обврска. Не сакаат организиран спорт или пак да се натпреваруваат во тим, а одвреме-навреме би вежбале за да останат здрави.