Супермоделот Наоми Кемпбел ги изненади сите кога се појави во елегантното модно издание на забавата организирана од списанието Вог.
Познатиот 48-годишен модел во моментов престојува во Париз, каде е во тек модната недела, а многумина беа воодушевени кога се појави во црно бел фустан од новата колекција на модната куќа Валентино.
Таа целото издание го заокружи со еден пар црни кожени чизми и чанта која совршено се вклопи со нив, додека на лицето носеше големи очила за сонце со кои дополнително го подигна целото издание.
https://www.instagram.com/p/BunNgwBH9J1/
Косата и беше уредно врзана во ниска опашка, и целиот впечаток го заокружи со елегантен накит.
https://www.instagram.com/p/BunVxeFndrs/
Одличното расположение со кое буквално зрачи и феноменалниот изглед на манекенката многумина го препишуваат на нејзиното речиси двојно помладо момче. Во прашање е Лијам Пејн, поранешниот член на бендот „One Direction“ за кој се шушка дека само шест месеци по раскинување со пејачката Шерил Кол повторно е во врска, и тоа баш со Наоми.
Проблеми со косата
„Црниот пантер“ минатата година во јавноста раскажа како за малце ќе ја изгубила косата поради честата употреба на екстензии, плетенка и виткање на косата. Жените кои на овој начин и вршат тортура на својата коса можат да страдаат од централна центрифугална цикатриелна алопеција, која често пати знае да остави трајни последици.
За среќа, Наоми истакна дека нејзината коса полека закрепнува откако и даде време да почне да се опорава.