Кафе муабет

Најмоќната порака со која Кијану Ривс ги запали социјалните мрежи

Advertisement

Актерот Кијану Ривс неколку пати ја воодушеви јавноста, најпрво со својата скромност – тој се вози во јавен превоз, а потоа со великодушност – тој дава голем дел од неговите средства во добротворни цели.

Advertisement

Неговите Фејсбук постови се секогаш популарни, а ова е еден од неговите најпознати текстови кој буквално го запали интернетот:

„Не можам да бидам дел од светот во кој мажите инсистираат на тоа да ги гледаат жените облечени како проститутки, инсистираат жените да се расфрлаат со оние делови од себе кои треба да се ценат. Каде што не постои концепт на чест и достоинство и каде што човек може да се потпре само на оние кои викаат ‘Ти ветувам’ …

Во свет во кој жените не сакаат деца, а мажите семејство.

Advertisement

Каде што оние кои се всушност најпразни сметаат дека се успешни зад воланите на автомобилите на нивните татковци, а таткото кој има макар тронка моќ се обидува да ви докаже на вас дека вие сте никој и ништо.

Каде луѓето лажно изјавуваат дека веруваат во Бог, постојано со чашка алкохол во рака и недостаток од билокакво разбирање на нивната религија.

Каде што концептот на љубомора се смета за нешто од кое треба да се срамиме, а скромноста за слабост.

Каде луѓето заборавија на љубовта и едноставно бараат најсоодветен партнер.

Свет во кој луѓето го поправаат и најмалиот проблем на нивниот автомобил, нештедејќи ниту пари, ниту време ниту себеси – делуваат толку сиромашни што само автомобилот може да го прикрие тоа.

Не сакам да бидам дел од светот во кој момчиња ги трошат парите на нивните родители во ноќни клубови скокајќи издрогирани на примитивни звуци, а девојките треба во ова да се заљубат.

Каде мажите и жените веќе не се разликуваат ни полово.

Каде сето ова се погоре се нарекува “слобода на избор” но затоа оние кои ќе одберат друг пат од овој се жигосани како “ретардирани” – не доволно кул.

Јас.. го избирам мојот пат, ненаметнат од општеството и тажно е што многу ретко можам да најдам слични размислувања кај луѓето меѓу кои сум сакал да го најдам повеќе од се’ ” – напиша Ривс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button