Иако го предупредиле дека мора да го исчисти дворот од изметот на своето куче, Крег Вуд од Есекс ги игнорираше сите предупредувања.
Луѓето се жалеа на смрдеата за првпат минатото лето, а Вуд доби предупредување од градот, но не сака ништо да превземе додека не бил повикан на суд, каде што бил казнет со 1.500 фунти.
Вуд, по изрекување на казната, повторно игнорирал се’ па пак оставал неред и измет во дворот.
Досега добил пет казни
Досега плаќал по 1.500 фунти, и со оглед на тоа што ги игнорира понатамошните предупредувања, веројатно е дека казните ќе се зголемат. Очигледно, Крег Вуд има доволно пари за казни и полесно е да плати отколку да го исчисти изметот на неговото куче и тоа од сопствениот двор.
Ние веруваме дека секој одговорен сопственик се согласува дека е неопходно да се исчисти неговото куче затоа што никој не сака да живее во смрдеа.