Самохраната мајка, Сузи Бредли од Австралија, одлучи да и го даде името Бебе на својата ќерка.
Како што вели, ова отсекогаш била нејзина желба.
Оваа 25-годишна жена останала бремена на возраст од 22 години, а името Бебе и било омилено од тинејџерската возраст. Таа ова име го кажала и на својот партер кој без проблем го прифатил. „Во средно училиште, пишував листа на имиња за деца и Бебе беше секогаш на врвот јас веќе знаев дека така и ќе ја крстам “, изјави Бредли за The Telegraph.
Многумина се бунат кога ќе забележат во здрвствената книшка дека ова четиригодишно девојче се вика Бебе.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156203866638346&set=a.10150537626228346&type=3&theater
Бредли се развела од таткот на нејзината ќерка, а денес е ѕвезда на реално шоу „Married at First Sight“ кое се прикажува во Австралија.