Вчера седевме ние четири.
По работа седнавме кај мене дома додека мајсторот ми го поправаше шпоретот. „Не можам повеќе да излезам од дома”, јас не се препознавам додека ги изговарам овие зборови.
Едната пријателка е во посета на Скопје и престојува кај мене. Со втората сум соработник, со неа пијам најмногу кафиња, јадеме, а и понекогаш знаеме да се напиеме по некоја раккија.
Третата дојде со детето кое сега има 5 години и го знам од бебе. Ние трите константно се дружевме по кафиња, а четвртата другарка доаѓаше на паузите од учење и често од кафе завршувавме на пијачка.
И така порано секогаш без причина седнувавме и разговравме на најразлични теми …љубов, родители, испити, излагање, мода…често пиевме кафе кај мене во двор под прозор…се сеќавам навистина убаво време…
Некогаш заедничкото кафе беше „изговор за разговор”. Денес кафето се пие од нога, се поминува набрзина обично тоа се некои мали состаноци или административни забави.
Денес, тешко е да се собереме во нечиј дом. Не можеме да го одредиме денот за да се договриме распоредот ни е презафатен. Денес, денот ни поминува во канцеларија, чувајќи го детето… Понекогаш ни е и тешко да излеземе од дома. Денес, често викаме мора да се видиме, а не ни може да се сетиме кога последен пат сме излегле без некоја причина. Онака, за да се дружиме, забавуваме…
Порано немавме многу обврски, деца, сопруг… Оваа приказна е со мотив да се спореди времето тогаш и сега.. бидејќи тогаш бевме некои други девојки. Денес знаеме дека облиците и моделите се менуваат, но пријателството останува. И само онa најискреното – трае засекогаш.