Мора да постои граница: Прашања кои пристојните луѓе НИКОГАШ не ги поставуваат
За да не се најдете во некоја чудна ситуација во која ќе се чувствувате незгодно, треба да избегнувате неколку прашања, доколку сакате да оставите добар впечаток кај странците.
1. Дали ова е вашата мајка?
Ако не сте сосема сигурни во каков однос се луѓето кои стојат пред вас, подобро е да не се обидувате да погодите. Постои веројатност вашиот соговорник да се навреди, доколку го прашате дали личноста до него му е мајка, сестра, роднина…
2. Колку долго сте заедно?
Луѓето сакаат да зборуваат за своите врски, но и за врските на другите. Но, подобро е да не ги прашувате другите за тоа колку долго се заедно, зашто не секој сака да ги споделува овие работи со останатите.
3. Кога планирате да имате деца?
Исто така избегнувајте ги прашањата како „Дали имате деца?“, „Дали сте бремена?“, „Дали повеќе сакате момче или девојче?“
4. Зошто ти е потребно тоа?
Непријатно е да го прашате вашиот соговорник зошто се занимава со одредено хоби, зошто чува одредено милениче…
5. Колку заработуваш?
Непријатно е да го прашате соговорникот колку зработува. Наместо ова прашање, подобро е да прашате колку се просечните плати во секторот во кој работи.