Кога зборуваме за љубовта, зборуваме како да не постои.
А, всушност, ја има многу повеќе отколку што може да си замислиме, само немаме уши за да слушнеме . Сите со нетрпение ги очекуваат зборовите „Те сакам многу“, „Лудо сум вљубен во тебе“ или „Ти си мојот живот”..
Денес луѓето избегнуваат да ги употребат овие зборови, бидејќи може да се сфатат иронично и со доза на цинизам, па дури и бруталност. Многумина не се осмелуваат да ја кажат реченицата – „Многу те сакам”, но оваа мисла ја кажуваат на милион други безболни начини.
Во денешно време изјава за љубов се смета: Облечи се топло. Многу убаво ти стои овој црвен фустан. Понеси чадор. Многу работиш одмори се. Малку спиеш… Изјавување љубов е кога ќе ти купи пар чорапи, кога ќе примети дека си ја променила фризурата без разлика дали му се допаѓа
Изјава за љубов е кога нејзе ја боли глава, а тој го намалува гласот на телевизорот, кога си болен ти вари чај…
Исто љубовта е кога вашето дете вели: „Мамо, ме замараш!“ Или мајката кога вика на ќерката сине „Еее, будалче мое “. Понекогаш најголемата љубов кон мајката се изговара со -„Мајче“ или „Стара! ”
Љубовта се изговара кога и за нејзе не се зборува. Но, некогаш е добро да се каже оној збор на кој почнува на “Љ”, кој дури и ми е глупаво да го спомнам.