Реклама
Хороскоп

Ова треба да го знае секој православен Христијанин – зошто служат бројаниците и што треба да направите кога ќе ви се скине?

Реклама

Сигурно знаете голем број луѓе што носат бројаница, а најверојатно и вие имате барем една дома, но дали знаете како правилно да ја „користите“ и што да направите со неа ако случајно ви се скине?

Бројаниците се купуваат заради религиозни причини, и толку многу се распространети што полека ги добиваат карактеристиките на моден додаток. Инаку, клучната поента на бројаницата е човекот што ја носи со нејзина помош подобро да се фокусира на молитвата која треба да ја повторува. Молитва се изговара со цел да се дојде до прочистување на душата и издигнување, објаснуваат свештените лица.

Маркетинг

Инаку, бројаниците имаат по 33 јазли, додека оние што ги носат свештениците се составен од по 100.

Кога ја кажуваме молитвата треба да преминуваме од јазол до јазол, за да ја развиеме концентрацијата, самодисциплината и конечно на крај да дојдеме до боговидение. Се одредуваат разни молитви, но ова треба да изговори. ‘Господи Исусе Христе, сине божји, помилувај ме мене грешниот!”

Маркетинг

Секој друг начин на носење на бројаницата не е во согласност со нејзината главна намена. Во случај бројаницата да ви се скине, постои верување дека не треба да биде фрлена, бидејќи е осветена (сите бројаници што се купуваат во црква се осветени) туку дека треба да биде запалена.

Но ова верување е погрешно!

Наместо тоа, нешто што доаѓа од црквата, како што е бројаницата, кога ќе се скине, најдобро е да се однесе во црквата и таму д а се остави.

Исто така пожелно е бројаницата да ја купите во црква или манастир, иако се продаваат на различни места. Оние пак што носат огрлица со крст истиот не треба да го ставаат преку облеката, како што го прават тоа многумина, бидејќи тоа им е дозволено само на високите свештени лица.

Па доколку имате бројаница, и истата повеќе ви служи како накит отколку за молитва, можеби е време да размислите која е нивната намена и дали тоа треба да го почитувате.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button