Хали Бери во ова егзотично, но елегантно и префинето издание, направи вистински моден погодок и нѐ наведе да се посомневаме дали навистина има 52 години!
Актерката уште еднаш докажа дека како што минуваат годините изгледа сé подобро и подобро, но, исто така, и дека строго ја одржува својата тенка линија што ѝ дозволува да блесне во фустан кој не одговара на сите.
Станува збор за златна креација со потписот на индонезискиот дизајнер Себастијан Ганауан кој на тесниот фустан има дошиено необичен детаљ кој се протега до дното на креацијата и визуелно ги проширува колковите.
Бојата на косата на убавата актерка феноменално се вклопува со бојата на фустанот, а дека ништо не е оставено на случајот докажуваат и сандалите со потпис на Брајан Атвуд кои се речиси во идентични нијанси како и фустанот.
https://www.instagram.com/p/BuFtCIGD8e2/