Ако заведувањето и флертувањето им одат подобро на некои ваши пријатели, ѕвездите веројатно имаат замешано „прсти” во тоа.
Некои Хороскопски знаци се едноставно многу поотворени и поподготвени за акција од другите, и се вистинските господари на флертот.
Лав
Лавовите каде и да дојдат стануваат главни ѕвезди. Тие се извонредно шармантни и смели, што ги прави неодоливи, и не мора да работат премногу напорно на заведување.
Риба
Рибите точно знаат со што може да освојат одредено лице и тие први го добиваат она што го сакаат. Нивниот сонувачки дух е интересен начин за размислување, за многумина се неодоливи, и тие се сосема свесни за тоа.
Близнаци
Заводливите Близнаци секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието кое го предизвикуваат на многу суптилен начин, што генерално многу им се допаѓа на претставниците на спротивниот пол.
Тие се многу дружељубиви и добро се вклопуваат во секоја група луѓе, и со широк спектар на теми знаат како точно да го освојат другиот.