Глобалниот бренд „In The Style” направи големи промени во својот бизнис. Овој моден бренд веќе нема да обработува слики од своите модели на било кој начин.
Без разлика дали се модели или обични жени кои носат нивна облека, сè ќе биде прикажано во вистинското светло.
https://www.instagram.com/p/Bt3qwoXF7Lh/?utm_source=ig_embed
Кампањата на едно место собра различни типови на жени: жени кои се борат со акни, жени кои имаат вишок килограми па дури и еден модел кој преживеал напад со киселина.
https://www.instagram.com/p/Bt3Sp1vgZrm/?utm_source=ig_embed
„Нашиот бренд ќе продолжи да користи мали трикови како шминка и лак за коса за нашите девојки да изгледаат подобро на фотографиите, но нивните недостатоци повеќе нема да бидат покриени со фотошоп за да не ви се продава нешто што не е реално”, велат од модната куќа.
https://www.instagram.com/p/Bt1vSJaBo8_/?utm_source=ig_embed
„Ние сме свесни за тоа колку е лошо влијанието на фотографиите на кои се прикажуваат совршените жени. Мислиме дека тоа треба да го сторат сите продавачи и ние сме сигурни дека ќе ја зголемиме продажбата на овој начин”, додадоа претставниците на „In The Style”.
https://www.instagram.com/p/Bt3j2SIAV60/?utm_source=ig_embed
„Време е да станеме реални и да сфатиме дека сите ние сме убави на свој начин”, заклучија тие.
https://www.instagram.com/p/Bt34w_jh5cF/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BuBcDlBBCly/