Видеото на кое кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, плаче, прегледано е повеќе од 6 милиони пати
Кралот на народна музика Шабан Шаулиќ, кој почина завчера по сериозна катастрофа во Германија, беше познат по својот брутален професионален пристап, но исто така и како голем емотивец.
Неговите обожаватели велат дека во секоја од своите песни ги внесувал максимално своето срце и душа, и со него заедно плачеле милиони обожаватели. Српските медиуми сега се сеќаваат на епизоди во кои Шабан се најде на другата страна, кога некој него го расплака со својот глас.
Тоа се случи кон крајот на 2015 година, кога Шаулиќ учествуваше во жирито на популарното српско шоу „Гранд ѕвезди“. Откако натпреварувачот почна да пее, Шабан Шаулиќ не можеше да ги задржи своите солзи, и наскоро се расплака и Јелена Карлеуша, која седеше покрај него.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=133&v=iUI1VIkz_94
„Мој народe, ова е нечуено, дивата плаче”, се пошегува Марија Шерифовиќ кога плачеше Карлеуша. „Плаче, плаче”, изјави ЈК посочувајќи го Шабан. Видеото кое е објавено на Јутјуб досега е виден повеќе од 6 милиони пати, а под него голем број обожаватели на Шабан се збогуваат со него.