Младиот канадски пејач Шон Мендес, освен со добариот глас може да се пофали и со згодно, извежбано тело.
Шон стана модел и заштитно лице на новата кампања на познатиот бренд на Калвин Клајн.
Бидејќи овој бренд доби голема популарност со богатиот асортиман на долна облека, пејачот очекувано позираше само по боксерици.
https://www.instagram.com/p/Bt-S024lWfp/?utm_source=ig_embed
Овие жешки фотографии им се допаднаа на неговите колеги, па така тој доби комплименти од Џенифер Лопез(J.Lo), нејзиното момче Алекс Родригез и Худи Ален.
„Ти убиваш!”, „Инспирација!” и „Избриши ги фоткиве пред девојка ми да те види”, беа дел од коментарите на славните.
https://www.instagram.com/p/Bt9X-m5ni6d/?utm_source=ig_embed
Се очекува Шон наскоро да објави повеќе фотографии, бидејќи целата кампања излегува оваа недела, па внимателно го следиме неговиот профил.