Овој напиток ќе ви помогне да го решите проблемот со кашлањето, исфрлувањето слуз од белите дробови, а особено им се препорачува на пушачите.
Ѓумбирот, како главен чувар на нашето здравје, најде одличен сојузник – бибер во зрно. Оваа комбинација е природен лек за сите оние кои имаат слуз во градите и патат од иритирано кашлење. Витамините и силниот вкус на овој напиток ќе направат за неколку дена да се ослободите од несаканата слуз.
За негова подготовка потребно е да ставите две чаши вода во еден сад, а потоа да додадете осум парчиња ѓумбир и една лажичка бибер во зрно, Поклопете го садот и оставете го напитокот да се вари од 5 до 7 минути. Готовиот напиток измешајте го, процедете го и засладете го со една лажичка мед. За побрзо делување, пијте 3 до 4 чаши дневно.