Една гневна жена со својот бесен оглас на социјалните мрежи, насмеа многумина.
Имено, анонимна жена од Манчестер одлучи на невообичаен начин да собере пари за развод од, како што самата вели, „патолошки лажго”. На продажба, таа ја стави својата венчаница, а кориснците на социјалните мрежи беа воодушевена од хумористичниот оглас со наслов „Катастрофа”.
Имено, таа нејзината венчаница украсена со деколте во облик на срце, ја платила 899 фунти, а сега ја продава за 450. „Фустанот е со големина 18, и може да одговара на големината на 14/16 и не се направени никакви промени … За разлика од мојот живот”, напиша жената во описот на огласот.
„Би ви препорачал да барате добар хемиски чистач за да се ослободите од сета лоша среќа што доаѓа со неа”, додава таа.
Таа исто така сподели неколку свадбени фотографии, но, исто така, побара од потенцијалните клиенти да не бараат дополнителни фотографии.
„Не можам да го гледам овој фустан како што не можам да го гледам и мојот поранешен сопруг”, пишува таа.
Таа меѓу другото посочи дека сите пари од продажбата ќе ги употреби за развод. Нејзиниот пост за неколку часа беше споделен четири илјади пати.