Новиот спот на Северина е снимка од нејзината свадба во Белград? Обожавателите конечно ја видоа како изгледаше како невеста
Северина кадрите од свадбената прослава во Белград ги искористи за новиот спот за песната „Кума“. Од снимката можеме да видиме дека на прославата и пееја Петар Грашо, Саша Матиќ и Лепа Брена.
Многумина се прашуваа како изгледаат свадбите на најголемите ѕвезди од регионот кои останаа во тајност. Па, Северина (46) одлучи да стави крај на гласините и покажа пред сите она за што таа и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (31) потрошија 52.000 евра.
Пејачката ја објави во јавност снимката од венчавката. Да, снимката од нивната свадба која досега не беше објавена, премиерно можеме да ја видиме во склоп на новиот спот за песната Кума на кој деновиве му беше премиера.
Северина и Игор се венчаа на 22 ноември 2015 во хотел во Белград. Како што пишуваа медиумите тогаш, тие за свадбата потрошија 52.000 евра, и наместо класичен покани, гости беа поканети да дојдат со мини албум од најдобрите интимни фотографии и црковната венчавка во Бали.
Тогаш се шушкаше дека на прославата имало околу 600 гости и дека за божествениот фустан со рачно везени детали и украси, а кој беше со потписот на дизајнерката Матија Вујица, беа потребни месец дена за да се изработи и пет асистенки кои рачно ја шиеја венчаницата.
https://www.instagram.com/p/-1vbnJFEK8/?utm_source=ig_embed
Фустанот беше изработен од најквалитетната свила купена во Италија и истиот ја чинеше пејачката 10000 евра.