Најгрдите влечки на светот повторно се популарни, но овој пат се носат на рамениците?
Познатите „крокси“ влечки, за кои многумина сметаат дека се најгрдите на светот сега можете да ги носите и во малку поинакво издание
„Крокси“ влечките шокираа многумина во моментот кога почнаа да се носат надвор од дворот, односно откако почнаа да се појавуваат и на модните писти на ревиите на познатите брендови и станаа многу популарни во целиот свет.
https://www.instagram.com/p/BYrYZQ6hTeR/
Потоа добија украсни каменчиња и крзно, па дури и високи потпетици, што не спречи многумина да продолжат да ги нарекуваат најгрдите влечки на светот.
https://www.instagram.com/p/BKipmYtAPo-/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bkz9R1zFeJm/
Сега тие повторно се во центарот на вниманието. Но овој пат необичниот „крокси“ дизајн има потполно поинаква цел, односно сега се носат како чантичка.
https://www.instagram.com/p/BtfBwSkh1oz/?utm_source=ig_embed
Брендот „Pizzaslime“ направи „крокси“ чанти со препознатливиот дизајн кои во овој момент се достапни само во жолта и црна боја. На пазарот има ограничена серија од 25 парчиња, а чантата чини 300 долари.
If you thought Crocs shoes are awful… here's another abomination – Crocs bags. Basically an ugly shoe with a strap and zipper. And it can be yours for just $300! pic.twitter.com/FqFliUwxiO
— Lana Evangelho (@LanaJelic) February 4, 2019
Се разбира, мислењата се поделени – едни се воодушевен од оваа иновативна идеја, додека за други тоа е „најгрдото нешто што некогаш го виделе во животот”.
Што мислите дали овие чанти би можеле да станат тренд и да бидат популарн како влечките?