Една жена на форумот „Mumsnet“ се пожали на свекрвата, односно маќеата на нејзиниот сопруг, на која и ја оставила ќерката да ја чува.
Бидејќи и се допаѓаа кадравите прамени на главата на нејзината ќерка, оваа мајка одлучила на девојчето да не и ја крати косата . Од друга страна, пак, нејзината свекрва постојано тврдела дека на малите косата побрзо и расте ако редовно се шиша, па вршела притисок на мајката.
Кога еден ден ја оставила да ја причува неколку часа, свекрвата имаше „генијален“ таинствен план.
„Мојата свекрва вчера ја чуваше ќерка ми, а кога се вратив дома, малата имаше капа на главата. Ја прашав свекрвата што е тоа, а таа ми рече дека тоа е нејзиниот подарок. Си замина дома многу побрзо од вообичаеното,” го започна својот текст револтираната мајка на форумот.
Кога го симнала капачето на девојката од главата, таа имаше што да види. Нејзината коса била значително скратена, без убавите долги виткани прамени. Бесно отишла до свекрвата, која веднаш почнала да и се извинува дека знае дека тоа што го направила било погрешно.
Мајката на девојките ја прашала дали барем зачувала некој прамен за спомен, а таа и одговорила дека зачувала – но само за себе и дека не сака да и го даде на неа. „Ова беше последната капка во чашата, и ‘реков повеќе да не ми се појавува пред очи’”, заврши со својата исповед оваа мајка.
Другите членови на форумот се согласија со неа, односно дека однесувањето на свекрвата е неприфатливо.
Што би направиле вие во ваква ситуација?