Се појави досега невидена фотографија со Меган Маркл, обожавателите разочарани: „И ти војвотке си го оперирала носот“
Пријателка од средното училиште на Војвотката од Сасекс на Инстаграм објави заедничка фотографија од неа и Меган од младите денови. И додека едни беа воодушевени од фотографијата, многумина ја критикуваа дека направила пластична операција.
„Пластичната хирургија навистина прави чуда. Изгледа дека го оперирала носот“, напишаа револтираните корисници на социјалните мрежи под фотографијата на Меган Маркл (37) и нејзината пријателка од тинејџерските денови.
Кетрин Мекфи, добра пријателка на војвотката од Сасекс од младоста, објави заедничка фотографија од нејзините тинејџерски денови на својот профил на Инстарам. „Меган и јас заедно настапувавме во мјузикл. Денес таа е Војвотката од Сасекс, а јас сум ѕвездата на ‘West End’. Што се однесува до мене, ние водиме подеднакво успешен живот “, напиша Кетрин во описот на фотографијата на која што е со Меган.
Иако повеќето од следбениците беа воодушевени од фотографијата, имаше и такви кои веднаш почнаа со негативни коментари поврзани со претпоставките дека го коригирала носот, ако не и повеќе од тоа.
„Не, тоа воопшто не е точно, ништо нема оперирано. Тоа се вика растење, а вие сте само љубоморни“ – ја бранат Меган нејзините обожаватели кои се убедени дека војвотката сама не направила никакви естетски корекции.
Инаку, Меган и принцот Хари (34) треба да добијат бебе во април, но сé уште не потврдија дали Војвотката ќе роди девојче или момче. Неодамна, на социјалните мрежи се појавија и теории на заговор дека Меган не е бремена, и дека наместо неа идното кралско бебе ќе го роди сурогат мајка.