Мараја Кери загуби 20 килограми и сега изгледа феноменално, а како што вели таа самата најголеми виновници за нејзината линија се овие две намирници.
Познатата пејачка Мараја Кери (48) веќе со години се бори со вишок килограми, но се чини дека конечно најде рецепт како да ја стави својата линија во ред.
Откако докторите ја предупредија дека мора да започне диета, познатата пејачка реши да ги „засука ракавите“ и се фрли на работа за да ја доведе својата линија во ред. Мараја загубила 20 килограми, а исто така го откри и нејзиниот рецепт за совршената фигура што го практикува.
Имено, според Мараја најголеми виновници за нејзиниот нов беспрекорен изглед е копарот и лососот, кои се полни со протеини, витамини и антиоксиданти, но сиромашни во однос на калориите.