Реклама
Наши ѕвезди

Белград или Холивуд? Пејачките од регионот на црвениот килим заблескаа како светските ѕвезди

Реклама

Во главниот град на Србија беше одржана првата манифестација MAC (Music Awards Ceremony) во регионот.

Сите познати музичари од целиот регион се собраа во белградската Арена Старк, а модата на црвениот килим беше на ниво на холивудски настан.

Маркетинг

Јелена Розга и Маја Шупут, беа највпечатливи со изборот на црните фустани.

Маркетинг

Јелена избра долг црн фустан со широк долен дел од тул – креацијата е дело на хрватското модна дуо eNVy Room.

Маја Шупут не откри чија крација носи, а за оваа свеченост избра мини фустан широк во долниот дел на кој имаше големи карнери додека на рамениците – пердуви. Интересно е што Маја дојде во рамни чизми, бидејќи таа сé уште не може да носи високи потпетици поради повреда на зглобот.

https://www.instagram.com/p/BtOshP7hPjz/?utm_source=ig_embed

На настанот беа и познатите Хрватици со белградска адреса, Николина Пишек и актерката Јелена Вељача.

Водителката Николина го привлече вниманието со нејзините супер високи метално сини чизми, искомбинирани со мини златен фустан и широко зелено сако. Русокосата Јелена го украде шоуто со нејзиниот прекрасно деколте, на ресастиот златен фустан кој привлече големо внимание.

https://www.instagram.com/p/BtO1gWgBWeC/?utm_source=ig_embed

Српската пејачка Емина Јаховиќ, носеше прекрасен долг розев фустан со кој изгледаше како принцеза.

Нејзината колешка, Наташа Беквавац, беше во сино издание во фустан кој ја следи линијата на телото.

https://www.instagram.com/p/BtQX02YnrF2/

Вниманието го привлече и храбриот стил на раперката Сенида која носеше широк сив костум, а под него само градник. Таа на главата „фураше“ марама во комбинација со „мини“ очила за сонце во стилот на “Матрикс”  како нејзините светски познати колеги, Ники Минаж и Карди Б.

За фустанот на Карлеуша прочитајте тука >>

https://www.instagram.com/p/BtQiSFRHqZV/

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button