Каде што постои надеж, постои и живот. Никој не станал сиромав давајќи – цитати од Ана Франк
Овие безвременски цитати од Анела Мари „Ана“ Франк може да ви послужат како ваша дневна мотивација и да ве поттикнат да продолжите понатаму, кон некое подобро место, со некоја подобра верзија од вашата личност.
Анели Мари „Ана“ Франк (12 јуни 1929 – почетокот на март 1945) била германско девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт којашто стекнала светска слава благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна.
Ана со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт во Нацистичка и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, Ото Франк, таткото на Ана Франк во јули 1942 со семејството се криел во собите од неговата работна зграда. По две години групата којашто ја сочинувале и тие била пронајдена и испратена во концентрационите логори. Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор Берген – Белзен во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.
Дневникот којшто и бил даден на 13. роденден претставува хронологија на настаните од тој ден, па се до 1 август 1944 година. Дневникот е преведен на многу јазици, а станал и многу популарен меѓу читателите. Стилот на којшто е напишан е добар, а темата на дневникот претставувала инспирација за повеќе филмови. Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот. Еве ги најубавите цитати од нејзиниот дневник
„Сети се на сета убавина која е околу тебе и биди среќен“.
„Среќата се заслужува со правење добро и со работа, не со шпекулирање и мрзеливост. Мрзата можеби е привлечна, но само работата го пружи вистинското задоволство“.
„Колку е прекрасно тоа што никој не мора да чека ниту еден момент за да почне да го прави светот подобар“.
„Не сакам да живеам залудно, како повеќето луѓе. Сакам да бидам корисна и да им носам задоволство на сите луѓе, дури и на оние кои никогаш не сум ги запознала. Сакам да продолжам да живеам и после смртта!“
„Таму каде што постои надеж, постои и живот. Таа не’ полни со свежа храброст и повторно не’ прави силни“.
„Секој кој е среќен и другите ги прави среќни“.
„Само едно правило треба да го запаметиш: Смеј се на се’ и заборави ги останатите! Звучи егоистично, но тоа всушност е единствениот лек против самосожалувањето“.
„Луѓето може да ти кажат да замолчиш, но тоа не те спречува да имаш сопствено мислење“.
„На долг рок, најострото оружје од сите е добрата и нежна душа.“
„Тивката совест го прави човекот силен!“
„Таму каде што постои надежта, постои и животот. Таа нè полни со свежа храброст и повторно нè прави силни.“
„Сите живееме со желба да бидеме среќни. Нашите животи се различни, а сепак исти.“
„Можеш да бидеш осамена дури и кога многу луѓе те сакаат, ако никому не си една и единствена.“
„Момците ќе бидат момци. Но, дури ни тоа не би било важно кога би ги спречиле девојките да бидат девојки.“
„Длабоко во себе, младите се поосамени од старите.“
„Сакам да пишувам, но уште повеќе сакам да го изнесам сето она што лежи длабоко во моето срце.“
„Бидејќи хартијата има повеќе трпение од луѓето.“
„Зошто некои луѓе мора да гладуваат, додека во другите делови од светот постои вишок? Ах, зошто се сите луѓе толку луди?“
„Никој не станал сиромав давајќи.“