Шок фотографии – видно ослабната пејачката позира полугола со љубовникот, ја критикуваат дека изгледа анорексично
На многумина таа им изгледа.. необично!
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Познатата пејачка Селин Дион привлече големо внимание откако се појави на Модната недела во Париз со нејзиното 16-години помладо момче Пепе Муњоз, и тоа најмногу поради нејзиниот анорексичен изглед.
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Имено обожавателите на поп-дивата веднаш беа загрижени бидејќи драстично ослабела, а облеката што ја носеше таа ноќ уште повеќе го нагласи тоа. Според информациите што можат да се прочитаат во странските медиуми, пејачката во моментов има околу педесет килограми.
Фото: Cyril Pecquenard
Те молам, внимавај, зошто си анорексична? На границата си на анорексија – коментираа загрижено обожавателите.
Само да потсетиме, Селин беше на работ на нервен слом по трагедијата што и се случи пред две години, кога во само неколку дена почина нејзиниот сопруг, кој и беше и менаџер, а потоа и нејзиниот брат.
https://www.instagram.com/p/BtEXuSqHimc/?utm_source=ig_embed
Рене Анжелил, со кого Селин 22 години беше во брак и кој беше 26 години постар од неа, почина во 2016. Тој почина во нивниот дом во Лас Вегас, по долгата битка со ракот.
Рене со карциномот се бореше од 1998 година. Во 2014 беше на операција на која му беше отстранет туморот од грлото. По операцијата тешко закрепнуваше, па Селин ја паузираше кариерата и потполно му се посвети на својот сопруг. Тие се запознале кога Селин имала само 12 годни, а тој веќе бил успешен 38 годишен музички менаџер.
https://www.instagram.com/p/Bs8TcwJnTE4/
Нивната врска започна 10 години подоцна, а се венчаа во 1994 година. Таа со него доби три сина, Рене-Чарлс (18) и близнаците Нелсон и Еди (8).
Истата година кога почина нејзиниот сопруг, почина и нејзиниот брат, па сега, две години по трагедијата, многумина коментираа дека пејачката овие денови, со шармантниот Пепе, ја проживува својата втора младост.