Нашата позната пејачка која во последно време ја гледаме и во македонската хит серија Преспав во улога на Ула Бринкман Бузалевска не крие дека би сакала во нејзиниот дом повторно да се слушне бебешки плач.
Тијана Дапчевиќ која веќе има еден син Вук со сопругот Милан, со кои го минува секој слободен момент, би сакала во 2019 година да добијат уште едно дете. Нејзин желба е да го прошири семејството и да остане во блажена состојба, пренесува српскиот Glossy.
И бидејќи е познато дека многу познати естрадни дами во последно време се почесто одлучуваат за вонтелесно оплодување, на прашањето дали Тијана е подготвена да тргне по тој пат, пејачката одговори:
.
„Кога ќе дојде моментот тоа да се направи. Ќе видиме. Од оваа перспектива сега би можела да кажам дека ќе го направиме и тоа па што ни даде Господ. Но неговата е последна, на овој инженер со сини очи“, коментираше Тијана, а пренесе српскиот портал Glossy.
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ