Реклама
Холивуд

На улица нема да ја препознаете: таа е фатална жена, но без шминка, во потполно природно издание, изгледа како и сите ние

Реклама

Еве како една од најубавите жени на светот изгледа во потполно природно издание.

Оваа прекрасна дама заработува милиони на сметка на својот совршен изглед, а кога камерите ќе се изгасат се појавува во потполно природно издание, и тешко дека би ја препознале ако случајно ја сретнете на улица.

Маркетинг

Неодоливата Алесандра Амбросио е на самиот врв на листата со најплатените модели во светот. Дизајнерите се „тепаат“ кој ќе ја има честа токму таа да се појави на нивните ревии и да носи облека со нивниот потпис, а жените се восхитуваат на нејзините фотографии на Инстаграм, додека мажите не ретко остануваат без здив кога ќе ја видат.

Маркетинг

Но кога светлата ќе се изгаснат и ќе се тргне шминката, Алесандра од фатална жена се претвора во една од нас – сосема обична жена на која може да и се појави и малку целулит, со малку неуредна коса и без шминка.

И во ваквите денови, Алесандра изгледа вака:

Можеби не изгледа како манекенка која пред огледалата во бекстејџ се спрема да скокне и да ги засени сите на модните писти, но во реалноста Амросио е токму таква. Ние сме воодушевени од оваа прекрасна дама што се почесто се појавува во целосно природно издание во јавност, а со тоа ни дава и можност да ја видиме во едно поинакво светло, но и да сфатиме дека и светот на модата не е толку совршен како што многумина од нас најчесто го замислуваат.

https://www.instagram.com/p/BqK3gi7gGQS/

 

Браво!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button