Убавата свршеница на Дарко Лажиќ го покажа трудничкиот стомак во тесно фустанче (видео)
Дарко Лазиќ и неговата бремена свршеница Марина Гагиќ ја прославија првата годишнина од врската
Марина конечно покажа и како изгледа во блажена состојба и ги воодушеви сите. Обожавателите досега не ја виделе со стомакот, па така овој пат со гордост го покажа она што сите сакаат да го видат.
Нејзината бременост напредува добро, и како што најавија гордите родители уште пред крајот на минатата година, тие очекуваат машко дете.
https://www.instagram.com/p/BtJrp6fHn81/
Судејќи според насмевката на нејзиното лице, веруваме дека сè е во ред и дека Гага со нетрпение чека да го држи наследникот на саканиот Лазиќ во своите раце.
Инаку, Дарко Лазиќ неодамна ги изненади своите обожаватели и со тоа што својата коса ја офарба во платинесто руса нијанса. Но по оваа промена, тој направи уште една, и тоа подрастична. Имено, ја потстрижи косата и објави фотографија на која е ќелав и ги воодушеви сите.
https://www.instagram.com/p/BtJ4UUTn0_S/
Српскиот пејач успешно закрепнува по сообраќајната несреќа што ја доживеа при крај на минатата година, а тоа можеме да го видиме и од фотографијата под која пишува „Само што се вративме од џогирање“.
Па така покрај новиот имиџ, обожавателите го пофалија и што повторно застанал на нозе и се вратил на физичките активности.
„Браво, Даре. Брзо да се опоравиш“ – му порачаа тие.