Реклама
Новости

Настапот на ова девојче го воодушеви целиот свет (видео)

Реклама

11-годишната Анџелика Хејл доби овации во американскиот суперталент по нејзиниот страшен перформанс, кој само на Јутјуб го гледаа повеќе од 11 милиони луѓе и тоа за само неколку дена.

Оваа девојка буквално ја шокираше публиката со својот генијален настап на „America’s Got Talent: The Champions” кога ја изведе „Fight Song”, песна хит од Рејчел Платен, за кој доби златен клуч.

Маркетинг

https://www.youtube.com/watch?v=HUCoLuy88ho

 

Маркетинг

Таа во шоуто беше и во 2017, кога на крајот заврши второпласирана, а сега се врати на сцената со надеж да го освои првото место меѓу другите поранешни победници и финалисти од ова популарно шоу.

 

 

Судијата Симон Кауел првпат се крена откако Анџелика ја испеа „Fight Song”, а по него станаа и останатите членови на жирито – Хајди Клум, Хауи Мендел и Мел Би. Хајди Клум ја нарече „мала шефица” додека Мел би беше нешто покритична, но поради тоа беше исфиркана од публиката.

„Со вашиот опсег на гласови, на кој вашиот вокал е совршен, можете да си дозволите поголем ризик”, и порача на Анџелика поранешната Спајсица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button