Викторија Бекам полудела откако дознала дека нејзиниот син, кога имал 18 години, се гледал со Рита Ора која е 8 години постара од него
Познатите тешко може да ја сокријат својата љубовна врска од јавноста, но ова до сега добро му одеше на најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам.
20-годишниот Бруклин во 2017 година, кога имал 18 години, накратко бил во контакт со Рита Ора, која во тоа време имала 26 години. Дали сте шокирани? И ние сме!
Изворот близок на весникот The Sun, му кажал на таблоидот дека парот бил чуван во тајност додека познатите родители на Бруклин не решија да ја спречат навреме оваа врска.
„Пош ги видела пораките кои тие ги разменувале. Не сакаше нејзиниот син да започне врска со пејачката”, рече изворот, додавајќи дека Бруклин го направил првиот потег и ја заведувал пејачката со месеци.
„Дејвид и Викторија јасно на својот син му дадоа до знаење дека оваа врска не ја одобруваат “, рече изворот, додавајќи дека Викторија била загрижена за големата разлика во годините. Но, иако Рита од Бруклин била постара од него осум години, тие двајца, наводно, биле совршен пар.
„Беше одлично за нив, постојано се смееја и, што е најважно, беа слободни во тоа време”, рече изворот.
Но, изгледа дека планот на Дејвид и Пош за прекин на врската не траел долго бидејќи тие се допишувале само неколку месеци, а денес и двајцата се во врски со други луѓе. Рита е во врска со Ендрју Гарфилд од декември минатата година, а Бруклин неодамна го придружува моделот Ханој Крос. Оваа врска неговите родители очигледно ја одобруваат.