Еве зошто Скорпиите се идеални сродни души за Биковите
Некои личности својата сродна душа ја бараат целиот свој живот, додека пак на други среќата брзо им се насмевнува…
Кога ќе се запознаат личности родени во знакот Бик и Скорпија, помеѓу нив се создава мометална хемија. Нивната компатибилност е посилна и поизразена од кои било други комбинации во Зодијакот. Скорпиите го обожаваат тоа што Биковите мора да се потрудат околу нив, а на Биковите им одговара вниманието кое го добиваат.
Заеднички се наклонети кон емоционална сигурност и блискост, а и двајцата знаат да зрачат со страст и љубов. Скорпиите се познати по својата снаодливост во реалноста, а на Биковите тоа им одговара затоа што знаат дека во секоја ситуација може да се потпрат на нив.
И Биковите и Скорпиите како хороскопски знаци се многу верни и не им е тешко да се потрудат околу љубовната врска, а дури и кавгите и препреките на кои наидуваат ги прават поблиски и поповрзани еден со друг.