Новости

Оваа земја има еден тунел, еден затвор, еден „Мекдоналдс“, еден бискуп и 15 банки

Advertisement

Оваа земја е голема колку и Менхетн, има 38.000 жители, еден бискуп, еден тунел, отворен базен, еден затвор и еден „Мекдоналдс“, но затоа има 15 банки.

Advertisement

Кнежевството што се наоѓа меѓу Австрија и Швајцарија според бројот на жители е шестата најмала земја во светот. Денес го одбележува својот 300. роденден, кој го игнорираат речиси сите освен неговите непосредни соседи.

Владејачкото кнежевско семејство има значајно влијание во државата, но 25.000 жители кои можат да се наречат Лихтенштајнци немаат приговор на тоа.

Во 2012 година тие ја отфрлија иницијативата на кнезот да му се укине правото на вето на одлуките на парламентот. Тие главно го поддржуваат неговиот конзервативен политички пристап. Кнезот во 2011 година рече дека ќе стави вето на Законот за ублажување на забраната за абортус, но немаше потреба од тоа бидејќи народот го послуша и го отфрли предлогот на референдум. Официјалното мото на Лихтенштајн е „За Бога, кнезот и татковината”.

Advertisement

 

Највисоката даночна стапка е осум проценти. Покрај 25.000 Лихтенштајнци, 13.000 странци обезбедија престижно право на престој во земјата. Секоја година се доделуваат само неколку десетици дозволи за престој. Околу 20 000 луѓе, повеќе од половина од вработените во кнежевството, мора да живеат во Швајцарија или Австрија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button