Реклама
Холивуд

Кејт Мидлтон повторно заблеска во издание кое зрачи со гламур и елеганција

Реклама

На стилот на Кејт Мидлтон му се восхитуваме веќе со години, но во последно време таа го подигна на едно сосема ново ниво.

Откако се врати од своето породилно отсуство во октомври минатата година, убавата војвотката од Кембриџ се појави во безброј прекрасни комбинации во кои ги вклопи сите најпопуларни модни додатоци за оваа сезона, а трендовите ги проследи и со своето последно модни издание.

Маркетинг

Имено, Кејт при посетата на хуманитарна организација „Family Action“ во Лондон се појави во сјајна комбинација во маслинесто-зелена боја и ни потврди дека монохроматската облека, која оваа година е исклучително популарна, секогаш ни гарантира луксузен изглед и елеганција. Таа носеше фустан со А-крој и со средна должина, со мали, црни, украсни копчиња од левата страна и кожен појас на половината, а со потписот на брендот „Beulah London“. Војвотката целото издание го заокружи со мала плико чанта и шик високи потпетици од велур кожа во иста нијанса како и фустанот.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bs8OKI8lCBa/

 

Beulah London Yahvi Tailored Midi Dress in Olive Green $770

 

Мораме да признаеме дека овој фустан максимално ласка на нејзината фигура и ја прави да изгледа уште потенко.

Па, браво Кејт, за ова издание. Кралица си!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button