Ако веќе сте се помириле со фактот дека гените не ве почестиле со “бразилски” задник и престанавте да се надевате дека работите некогаш ќе се променат, сепак постои можност да се обликува, но исто така и да се зголеми вашиот задник. Се разбира, со помош на неколку вежби.
Тонирањето вклучува активирање на неколку различни групи на мускули околу задникот и мускулите на грлото на матката. Покрај тоа, за да имате ефект би било мудро да се обрне внимание на надворешните и внатрешните мускули на бутовите, како и на квадрицепсите, објаснува тренерот на познатите ѕвезди, Гунар Петерсон .
Еве неколку вежби кои ќе ви помогнат да ја зајакнете и да ја зголемите вашата задна страна:
Кревање тег
Оваа вежба се фокусира на “задниот дел”. За време на нејзината изведба, грбот треба да остане рамна, а виткањето треба да биде од торзото. Така, наместо да ги свиткувате колената, нозете треба да останат цврсти за време на повторувањето.
Чучњеви
Силните нозе се клучни за да се подготви телото за староста и да му се осигура мобилност. Чучњевите се одлични за зајакнување на нозете. Тие, исто така ги зајакнуваат и мускулите на стомакот и грбот. Ја подобруваат комуникацијата помеѓу мозокот и разните мускулни групи. На овој начин, се намалува ризикот од падови и настанување на фрактури на коските. Силните мускули ќе ви овозможат да имате поправилно држење и во секој момент без проблеми да ја одржувате рамнотежата на телото.
Исчекор
Фитнес инструкторите оваа вежба ја нарекуваат кралица за задникот.Па така ако правите поголеми чекори ќе имате поголем ефект и влијание врз задникот.
Пуштете ја едната нога нанапред, а рацете ствате ги на колковите. Спуштете го телото на предниот дел и свиткајте го коленото.
Кога ќе ја усовршите оваа вежба може да ја земете топка или некој друг предмет во вашите раце и на тој начин да го зголемите интензитетот на вежбање.