Населба во Турција полна со напуштени луксузни вили која изгледа како гробишта за замоци
Стотици вили-замоци направени во готски стил кои личат на замоците од филмовите на Дизни, стојат празни во Бурџ Ал Бабас, уникатно село во Турција.
Во ова село, секоја вила чини 400.000-500.000 долари и првично се наменети за клиентела од Средниот Исток. Од 732 вили, 350 се продадени на арапски инвеститори, но никој уште не дошол ниту да живее таму, ниту на викенд.
https://www.instagram.com/p/BgcNU0OgLSR/
Проектот е започнат во 2014 година и е предвиден да биде луксузен и естетски, и да ги привлекува странците со малку подлабок џеб. Сега, сите тие вили се оставени на забот на времето во падините на планините во северозападна Турција.
https://www.instagram.com/p/BgcNPo1AZFp/
Проектантите и архитектите имаат надеж дека со помош на економски реформи, Бурџ Ал Бабас сепак ќе успее да заживее до октомври 2019-та.
https://www.instagram.com/p/Bb9fOuUA5M5/