Новости

Преку 20 милиони прегледи за помалку од една недела: Новата реклама на „Gillette“ предизвика бура од реакции кај машкиот свет

Advertisement

Новата реклама на „Gillette“, предизвика лавината на реакции на интернет и предизвика поделба меѓу мажите.

Advertisement

Имено, во кратката реклама наречена „Верувај”, е прикажана злоупотребата на врсници, сексуално малтретирање, агресивно и генерално лошото машко однесување.

Во оваа реклама е сменет познатиот слоган „Најдоброто нешто што мажот може да го добие” за новиот – „Најдоброто нешто што мажот може да биде”. Идејата на овој рекламен спот е  да ги потикнат мажите да се однесуваат одговорно и да ги спречат да го прават она што не е пожелно.

Луѓето секако не остануваат рамнодушни откако ќе ја видат оваа реклама, а тоа може да се види од милионските прегледи, илјадници коментари и впечатоци. Меѓу нив има и такви кои сметаат дека е важна пораката и треба да се прошири, но и такви  кои се смртно навредени, па велат дека никогаш нема да ги користат производите на оваа компанија.

Advertisement

 

Во моментов има двојно повеќе несогласувања, а најмногу има негативни коментари. Некои мажи се разочарани од начинот на кој пораката е објавена, некои се сомневаат во нејзината искреност, а трети не сакаат ни да коментираат.

Рекламата беше креирана како дел од кампањата во која брендот „Gillette“ се здружи со неколку проекти кои се борат против насилното однесување на претставниците на посилниот пол и се залагаат за подобар развој на социјалните и комуникациски способности на младите луѓе. Многумина веруваат дека оваа компанија очекувала негативни реакции, бидејќи на кајот на краиштата „секој публицитет е добар публицитет“, па така сега секој со нетрпение го очекува нивниот следен рекламен оглас. Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button