Мајка која роди две деца зависни од хероин повторно е бремена, но не сака да престане да се дрогира
26-годишна Ванеса, која моментално е бремена, е на издржување казна во американскиот затвор во Масачутес. Поради зависноста од хероин, веќе две деца и се одземени, и веројатно е дека повторно ќе го доживее такво сценарио. Сепак, таа одбива да се одвикне од хероинот.
„Единствено што се плашам е што треба да се породам во затворот. Мојата ќерка ќе биде подложена на детоксикација веднаш по раѓањето со помош на метадон, лек што и самата го користам. Нема да можам да бидам со неа и да ја утешам. Ќе ми дозволат да поминам со неа два до три дена , а потоа повторно ќе ме затворат”, изјави таа за „Banged Up: Bad Girls Behind Bars“, емисија на американскиот Канал 5.
Во емисијата е прикажано како во портокалова затворска облека оди на ултразвук. Нејзината постара ќерка е усвоена додека помладата е во згрижувачко семејство.
Кога останав без деца, тоа беше најстрашниот момент за мене. Го направив она што е најдобро за нив. Луѓето со кои се сега ги сакаат и ќе направат се за нив. Заради тоа сум благодарна. Сакам да бидам со своите децата, но ова ќе ви го направи зависноста од дрогата, вели Венеса.
Вработен во затворот објаснува што се случува кога бебе ќе се роди зависно. Еве што вели тој за овие новороденчиња:
„Не се чувствуваат добро и лошо се расположени. Симптомите се слични како кога имате грип, многу повраќаат и имаат пролив. Не е баш убаво за гледање. Детето се тресе и постојано плаче. Навистина тажно“.
Венеса сепак не сака други да ја осудуваат: „Не треба да кажете ништо бидејќи не сте поминале ни еден ден во моја кожа. Да изгубите дете е најлошото нешто што може да ви се случи. Дословно како да одземаат парче од вас.“
„Едноставно не сакам вака да живеам“, вели таа пред камерите.