Дали често сте настинати и подложни на вируси? Патите од хроничен умор и често сте поспани? Тогаш најверојатно имате слаб имунитет. Во тој случај, покрај редовното вежбање и исхраната, имунитетот можете да го зајакнете со помош на овој витамински коктел.
Потребни состојки:
- 400 грама мед
- 3 лимони
- 2 корени од ѓумбир (околу 250 грама)
Начин на подготовка: Изрендајто го ѓумбирот, а лимонот исечете го на помали парчиња и ставете го во блендер, па добро измешајте. Додајте го и ѓумбирот во медот, па заедно промешајте. Во мешавината додајте мед, кој најдобро е прво да го затоплите, така што ќе ја ставите теглата во топла вода.
Начин на примена: Секое утро додавајте по една лажичка во топла вода или чај. Набрзо ќе ги забележите посакуваните резултати. Овој напиток е погоден и за деца, а во тој случај може да ги извадите семките од лимон за да не биде премногу горко. Но, оваа мешавина не е погодна за деца помали од 2 години.