Жените не се ни свесни дека овие секојдневни навики ја уништуваат нивната кожа
Понекогаш некои секојдневни навики кои речиси и не забележуваме дека ги правиме, може трајно да ѝ наштетат на нашата кожа. Денес ви ги прикажуваме трите најчести навики на кои треба да заборавите.
Постојано триење на очите
Сите знаеме дека кожата околу очите е многу чувствителна. Многу жени често ги тријат очите во текот на денот и така придонесуваат за настанување на брчки и спуштање на очните капаци. Избегнувајте допирање на очите и одберете соодветен производ за нега на областа околу очите.
Користење премногу козметички препарати
Кога е во прашање негата на кожата, ова е една од најчестите женски грешки. Користењето голем број производи за нега може да ѝ нанесат голема штета на вашата кожа. Таа мора да дише, а пожелно е да употребувате и природни препарати за нејзино негување. Комбинацијата од некои состојки може да предизвика алергија, но и да ѝ нанесе сериозна штета на вашата кожа.
Употребувате валкани четки за нанесување шминка
Барем еднаш месечно треба да ги измивате сите четкички за нанесување шминка и да ги оставите да се исушат преку ноќ. Исто така не позајмувајте шминка на други личности, макар тоа да е вашата сестра или најдобра пријателка.