Ви ги претставуваме жените од агол на ѕвездите! Нема да верувате што можете да откриете за секој хороскопски знак.
Овен
Овните имаат одлучен карактер и сакаат работи кои се чисти, јасни и прецизни. Брзо и активно реагираат на случувањата. Не подлегнуваат лесно на туѓите критики, а нивниот ентузијазам и динамичност се доволно силни за да ги поминат сите тешкотии. Овие жени никако не можат да се вбројат во редот на жени-робинки, зашто се премногу независни.
Бик
Жените Бикови стојат цврсто на земја и сакаат работи кои се постојани и допирливи. Но, тие се големи злопамтила кои почитуваат принципи и добри идеи. Пред да се одлучи на трајна врска, жената Бик сака да биде сигурна дека ја пронашла вистинската личност. Нејзините чувства се развиваат постепено.
Близнаци
Динамичноста е нивна најважна карактерна црта. Тие бескрајно ја ценат слободата и независноста, па не дозовлуваат никој да господари со нив и нивната волја. Овие жени се многу интелигентни, но понекогаш погрешно им судат на луѓето. Како и во животот, така и во љубовта, жената Близнаци се држи до својата слобода. Дури и кога ќе засака некој, се плаши дека ќе се врзе премногу за него.
Рак
Оваа жена е многу чувствителна и емотивна. Но, за да се одбрани од светот, се труди да ги соркеи тие свои чувства. За да биде среќна умее да се затвори во свој сопствен свет, ограден со високи ѕидови. Стравот од непознатото понекогаш ја поттикнува да оди напред и да ги совлада препреките. Кога ќе се соочи со сериозен проблем, умее да се претвори во „жена змија“ која ќе се жртвува до самиот крај.
Лав
Оваа жена е премногу силна која не се препушта лесно на брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да биде жена која доминира. Сака акција и движење. Тешко ѝ е да остане на едно место, да сонува и ништо да не прави. Нејзините мали грижи умее да ги приркаже како големи, за да привлече внимание од другите. Великодушна е е среќна кога може да им донесе радост на другите, но, понекогаш пред да помисли на другите, мисли само на себе.
Девица
Девицата по природа е со резерва и срамежлива. Кога ќе сретне маж кој ѝ се допаѓа, тешко дека одма ќе му се фрли во прегратка. Најважно затоа што и самата не е сигурна во своите чувства и секогаш се прашува дали тоа се нејзините вистински чувства.
Вага
Вагата е одлучна и енергична. Не е нешто посебно амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство би му ги препуштила своите обврски. Таа сака да им се допаѓа на другите, друштвена е и сака да излегува. Честопати на себе носи маска на љубезност и насмевка. Одличен актер е, дури и кон најблиските.
Скорпија
Скорпијата не е пасивна или мирна жена. Таа во животот ништо не остава на половина завршено. не сака неодлучност. Разочарувањата и неуспесите длабоко ја погодуваат. Кај неа во сите работи доминира инстинктот. Некои жени сакаат мир, а тоа не е случај со Скорпијата. Таа е подготвена да оди до крај, а нејзиниот избран партнер станува центар на нејзиниот живот.
Стрелец
Оваа жена е смела, независна и сака да ги скокне поставените бариери. Не е рамнодушна кон ништо и има изострено чувство за животни вредности. Таа е витална, а иако понекогаш ѝ се јавува потреба да биде сама, таа најчесто ужива кога е во друштво. Човекот на нејзиниот живот мора искрено ѝ да изјави љубов и на секој начин да ѝ ја докажува. Дали е љубоморна? Па, не многу, но изневерување нема да опрости!
Јарец
Нејзиниот однос кон животот е реален. Сака постојаност и ги цени само оние личности кои имаат одредени вредности во склоп со нејзините ставови. Во животот не сака да губи време на несериозни или навредливи ситуации. Реалист е и добар организатор. Не е лесно да ја освоите оваа жена. Кај неа љубовта не може да дојде како гром од ведро небо.
Водолија
Зад нејзиниот ироничен став, се крие несигурност и недоволно самопочит. Оваа жена живее во свет на свои соништа и нема храброст да се соочи со вистината. Секој човек детално го анализира и се труди добро да го разбере. Тоа не го прави од љубопитност, туку од желба да им се приближи на луѓето. Нема лидерски вештини, но во работата напредува добро. Сака промени и патувања, но поради неодлучноста, ретко ги остварува тие желби.
Риби
Нејзиниот карактер е полнс о спонтаност. Можеби за тоа не е доволно свесна, но за многумина таа е чудна и несфатлива личност. Често го менува своето расположение. Нејзината склоност кон сонување и недефинирани ситуации често прави другите да помислат дека таа нема реална слика за животот. Кон другите е толерантна до крајност. Многу е интуитивна. Нејзината личност е комплексна, а љубовта ја збунува уште од првиот момент.