„Интимни концерти”, масажи, јога, медитација: Џаред Лето ве кани на остров кај Шибеник (видео)
Џаред Лето и неговиот бенд „Трти секундс то Марс“ организираат фестивал во Хрватска, поточно на едно островче кај Шибеник.
Станува збор за Марс исланд фестивал кој ќе се одржи од 9 до 12 август, а рокерите се активираа на социјалните мрежи и не престануваат да ги повикуваат луѓето да им се придружат на настанот во Хрватска. Тридневниот билет ги вклучува сите активности, сместување и храна.
Цените се движат од 900 евра до неверојатни 5 600 евра. Посетителите ќе уживаат во „интимни концерти” на бендот, но и во масажи, јога, медитација и многу други активности. Инаку, Лето досега Марс исланд го организираше во Калифорнија, а фестивалот беше многу популарен во САД.
https://www.youtube.com/watch?v=GbZ-DBVa5NI
https://www.instagram.com/p/BsdtgK8DYXs/