Реклама
LIFESTYLEКултура[тор]

Драма, мистерија: Вилис во „Стакло“, се враќа како Дејвид Дан (видео)

Реклама

Брус Вилис ја започна промотивната турнеја за својот најнов филм „Glass“. На премиерата во Њујорк, славниот актер беше придружуван од сопругата Ема Хеминг.

На виолетовиот тепих, 63-годишниот актер ѝ ја бакнуваше раката на 40-годишната сопруга, која изгледаше атрактивно во црн краток фустан. Парот заедно има две ќеркички.

Маркетинг

Вилис, кој ја има главната улога во филмот, позираше и со колегите Семјуел Л. Џексон, Џејмс Макавој, Сара Полсон и Ања Тејлор-Џој.

Маркетинг

Од филмот „Нескршлив“, Брус Вилис се враќа како Дејвид Дан, а Семјуел Л. Џексон како Елајџа Прајс, познат по својот псевдоним, г. Стакло. Ним им се придружуваат Џејмс Макавој од филмот „Поделен“, репризирајќи ја улогата на Кевин Вендел Крамба и многубројните личности со кои живее и Ања Тејлор-Џој како ликот на Кејси Кук, заробеникот што преживеаЛ средба со Ѕверот.

Надоврзувајќи се на приказната од крајот на филмот „Поделен“, г. Стакло го наоѓа Дан во потрага по натчовечката верзија на Ѕверот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button