Реклама
Нега и здравје

Научниците открија дека пиењето кафе за време на бременост влијае на големината на бебето

Реклама

Во зависност од истражувањата, препорачаната дневна доза на кофеин во бременоста е помала од 200 милиграми.

Сепак, дури и ако консумирате помалку кофеин од оваа количина, би можело да имате негативни последици за вашето дете.

Маркетинг

Научниците од Универзитетот во Даблин се собраа во едно заедничко истражување и под водство на лекарот Линг-Веи Чен проучувале 941 мајки родилки и нивните новороденчиња. Тие дошле до заклучок дека кофеинот го ограничува протокот на крв во плацентата, што резултира со пониска телесна тежина кај децата или предвремено породување.

Маркетинг

Како што наведуваат во резултатите од истражувањето, поради дополнителната половина чаша кафе, консумирана секојдневно во првите три месеца од бременоста, тежината на бебето при породувањето е намалена за 72 грама.

Покрај тоа, децата се родени и со помала должина и волумен на главата. „Ние би им препорачале на жените кои се бремени или се обидуваат да забременат барем да го ограничат внесувањето на кафе, но и на чај со теин”, изјави докторот Чен за новинската агенција Ројтерс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button