Бесплатен и едноставен трик како да ги направите вашите кожени чевли да станат поудобни!
Само за неколку минути ќе имате чевли кои ќе бидат совршено приспособени на вашето стапало.
Кожените чевли и чизми на сите ни се меѓу омилените модели, но не ретко ни се случува, по првата прошетка во новиот пар на кој се уште му се радуваме, да сфатиме дека се премногу тесни и непријатни за носење. Се разбира, секогаш постои опција да ги однесете на чевлар, но во исто време постои и ризик да ви ги деформира чевлите.
Па ако сакате да го имате истиот пар, само малку да биде поудобен за носење, ве охрабруваме да го пробате овој едноставен и бесплатен домашен трик со кој ќе ги проширите вашите чевли за само неколку минути.
Потребно ви е:
Фен за коса
Дебели, термо чорапи
Облечете ги термо чорапите (или повеќе пара обични) и потоа врз нив облечете ги чевлите или чизмите. Почнете да ги греете чевлите со фенот за коса и притоа обидувајте се да ги поместувате прстите за да придонесете да за прошират чевлите. По околу една минута затоплување прошетајте едно дваесетина секунди и по потреба повторете ја постапката.
И тоа е тоа, за неколку минути ќе имате чевли кои ќе бидат целосно прилагодени на вашата нога!