Помеѓу нашите омилени солени јадења, посебно место заземаат вкусните и кремасти салати, кои секогаш се совршен избор, без разлика дали сакате да се почастите себеси или пак да ги воодушевите вашите гости. Во продолжение ви прикажуваме еден интересен и вкусен рецепт за салата со сусам и павлака.
Потребни состојки:
- 200 грама сусам
- 10 мали кисели краставички
- 400 грама кисела павлака со поголем процент на масленост
- 450 грама шунка
- 300 грама мајонез
- 800 грама сирење
Начин на подготовка: Најпрво запржете го сусамот во еден сад, без да додавате масло, и тоа на слаб оган, за да порумени, а да не ви се препече. Потоа ситно исечкајте ги киселите краставички и шунката. На крај соединете ја павлаката со мајонезот и сирењето и на крај додајте го сусамот, исечканата шунка и краставичките. Вашата сусам салата со павлака е готова! Пред служење, најдобро е да ја изладите. Може да ја служите како предјадење, но и да ја консумирате како намаз.