Ќе уживате во секој залак.
Состојки:
масло
3/4 мала шолја шеќер
1/4 мала шолја вода
3 мали шолји јаболка исечкани на тенки парчиња
1/4 мала шолја исечкани ореви
Состојки за кора:
200 гр брашно
1,5 лажичка прашок за печиво
2/3 мали шолји шеќер
3 лажици путер
2 жолчки
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 шолја млеко
3 белки
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени па намастете кружен калап за торта.
Измешајте 3/4 шолја шеќер со 1/4 шолја вода и загрејте на умерено силен оган. Мешајте додека шеќерот не се растопи.
Ставете во лим за печење.Преку тоа во круг наредете парчиња јаболка. Посипете со ореви и оставете на страна.
Подгответе кора. Измешајте брашно, прашок за печиво и сол па измешајте.
Со миксер разматете 2/3 шолји шеќер и путер. Додајте жолчки и ванила па измешајте.
Измешајте брашно и млеко. Разматете ги белките и додајте ги во смесата за бисквит. Премачкајте преку јаболката и печете 35 минути.
Кога колачот ќе биде готов, превртете го на чинија и послужете.